Blog

No place for Fast Fashion here!!!

Во овој пост и постовите што ке следуваат ке се фокусираме на темата ‘Брза мода’ (Fast fashion) и како да ја избегнеме таа замка. Една од методите што има ефекти во градење стил фокусиран на квалитет а не на квантитет е методот наречен ‘Capsule Wardrobe’.

Што претставува ‘Capsule Wardobe’?

Терминот е воспоставен во ’70-те од Susie Faux сопственичка на познатиот бутик ‘Wardrobe’ лоциран во Лондон. Според нејзината дефиниција тоа е :

‘Колекција од неколку есенцијални парчиња облека што не излегуваат од мода, како сукњи, пантолони и капути, кои можат да бидат надополнети со сезонски модни парчиња’

Тоа е начин како да се воспостви ред во гардероберот. Пред се да се изолираат деловите од гардеробата што воопшто не ги носиме и да се дефинира сопствен стил. Така завршуваме со минимизиран гардеробер полн со работи што навистина ги сакаме и сме спремни да ги носиме секој ден. Основно и почетно правило е да ја минимизираме гардеробата на 36 парчиња. Има методи базирани на 10, 22, 33 делови меѓутоа главната идеја е да се стави граница. Во минатото жените имале во просек 36 парчиња во својата гардероба денеска тој број е пораснат на 120. (За ова повеќе во следниот пост)

Значи основниот принцип на ‘Capsule Wardrobe’ е да заборавиме на безконечните купувања и понења на нашите плакари и да се концентрираме на воспоставување ред и комбинации од кавлитетни парчиња гардероба.

5 Причини за Obleka.mk

Нашата мисија