Во овој пост ке изнесеме неколку причини за трговија со револуционерниот сервис на Obleka.mk која на жените им овозможува на погоден начин да ги освежат своите плакари - и нивните стилови - толку често колку што сакаат. Секој нов почеток е тежок, но кога станува збор за вашата гардероба, не мора да биде така. Во топ советите на оваа недела ќе ги разгледаме главните причини за употреба на нашиот сервис.
1. Време, тешко е да најдете време за да ја процените и продавате облеката лично или на Интернет. Услугата на Obleka.mk обезбедува брз начин да ја продадете облеката, а ние понатаму ќе им најдеме нов дом и нов плакар на вашите сакани парчиња. Одберете една од 2-те професионални услуги кои ги нудиме и времето не е веќе пречка.
2."Мода без грижа" во суштина може да стане сезонска потреба, па нема причина да се ограничите колку долго да ги чувате модните делови од вашата облека или кога ќе купите ново парче. Допуштете да ве носи моментот и да се чувствувате без вина кога и да купите ново парче. Со Obleka.mk може да добите понуда за делови од вашата гардероба од претходната сезона, така ќе можете да се фокусирате на трендовите во новата сезона.
3."Поздрав животен стил" Без разлика дали сте приврзаник на идеите за чист и минималистички приод кон организација на вашиот простор за поздрав живот, сите знаеме дека преполниот плакар може да предизвика анkсиозност. Облеката што седи таму, натрупана, несакана и нечистена, нема да ве направи посреќни. Со тргување со овие парчиња, ја финансирате вашата гардероба и создавате простор да го преиспитате вашиот стил од сезона во сезона.
4. Еволуција, Одредени парчиња облека се репрезенти во одредена фаза, евоцираат сеќавања или приод во животот. Само затоа што сте ги надминале овие парчиња, не значи дека тие не можат повторно да внесат енергија во животот на некој друг. Тргувајте ги и дозволете му на новиот сопственик да си ја носи облеката со свои спомени. Тоа е циклус што позитивно влијае на животната средина - го минимизира отпадот и повторно ги циркулира во употреба добро изработените предмети.
5. Станете дел од комуната на Obleka.mk, Приклучете ни се во дискусиите за модните трендови, одржлив животен приод и заштита на нашата околина. Меѓутоа повеќе од се приклучете се во нашата идеа за креирање вредност од заборавени и запоставени предмети и намалување на штетното влијание на модата врз нашите животи.