Се за нас

Време а вашиот фустан што сте го носеле само еднаш за Нова Година, сандалите од ланска сезона и кошулата што веќе не ви е точна да најдат нов сопственик кој ке ги обожава.

Облека.мк е група посвтена на индивидуалци и бутици за развивање правила и услови за непречена трговија и изнајмување на нова или скоро нова облека. Ние ке ви ја олесниме продажбата на деловите од вашата гардероба кои веќе не ви требаат. На начин што место вас ке ги рекламираме, продаваме и транспортираме продуктите објавени кај нас.

Се што треба да направите е да ги донесете или договорите испорака со нас.

Земете во предвид оти не сите артикли ке бидат прифатени од нас. Пред се за да бидат прифатени сите делови од вашата пратка

  • Треба да се испрани и изпеглани
  • Од познат производител
  • Во тренд и не постари од 5 години
  • Да немаат флеки и да не се искинати
  • Пред се продукти во одлична состојба

Облека.мк ќе направи детална инспекција на продуктите пратени од ваша страна и само продуктите со најдобар квалитет ке бидат примени.

Дел од продуктите може да бидат откупени веднаш од наша страна а дел ке бидат понудени на продажба. Продуктите најдолго можат да останат на продажба до 1 годинина, во колку не се продадат ке треба да ги преземете назад.

Продуктите што нема да бидат прифатени ке треба да ги преземете назад или да ги донирате. Донацијата може да се изврши преку Облека.мк

 

Со почит тимот на

Облека.мк